Отворен граѓански универзитет за доживотно учење-TETOBO

Работничкиот-Народен универзитет Тетово од 2015 со нов назив Отворен граѓански универзитет за доживотно учење-TETOBO ги датира своите почетоци уште во далечната 1959 година. Во текот на нејзиното долго постоење Универзитетот значително придонесе во обуката и преквалификацијата на разни професии и занимања на стотици граѓани од Тетово и Републиката. Со организирање osnovno obrazovanie na vozrasni, разни курсеви за странски jазици,informatika I strucni kursevi за деца, младинци и возрасни, О.г.у-Tетово е институција, која што оди во чекор со новите интереси и потреби на граѓаните, како и на македонскиот пазар за работна сила.

Универзитетот делува како институција за доживотно образование и културен развој на вработените луѓе и граѓаните – особено на возрасните и младите луѓе. Предмет на активностите на универзитетот се состои во широк дијапазон на образование на возрасните, комплексно и постојано стручно социо-политичко и економско, културно-естетско образование, со посебен акцент на обука на вработените и невработените луѓе, возрасните и младите, а се со цел за успешно изведување на нивните функции во своите работни организации, општествените установи и приватниот сектор

На полето на стручното образование, Универзитетот организира подготовка од областа на машинската, електро – техничката струка, медицината и други занимања и професии.

На полето на компјутерското образование Универзитетот одржува курсеви за компјутерски оператори и курсеви за сите други компјутерски јазични програми. . По завршувањето на овие едукативни форми учесниците се стручно оспособени за изведување приватен бизнис како и за отпочнување свој сопствен бизнис или наоѓање вработување во адекватни фирми и компаниии во земјата и надвор од неа.

Отворен граѓански универзитет за доживотно учење-TETOBO

Отворен граѓански универзитет за доживотно учење-TETOBO е ориентиран кон модерните и голбални промени што се случуваат од неодамна, ги следи технолошките достигнувања на денешните настани и потреби, и со успех ги инволвира своите учесници во култивирање на социјалните врски и групите од интерес за одредени полиња. Токму затоа ние постојано користиме:

Методи на работа: Основи за интерактивно образование и практична подготовка / настава се одвиваат во совремно опремени кабинети и училници. Образовните програми и проекти се концентрирани во три насоки:

Стручна обука

Преквалификација, подготовка и вонредно средно образование. Целна група: млади луѓе и возрасни кои ги испуштиле можностите за редовно образование и не успеале да го завршат нивното редовно образование

Учење странски јазици

денеска во Универзитетот се организираат курсеи за речиси сите странски јазици. Целна група: деца од предучилишна возрас, тинејџери и возрасни.

Локација

Наставата се одвива во Основните училишта, во просториите на Отворен граѓански универзитет за доживотно учење-TETOBO, специјално опремени пунктови за практична настава низ градот.Работно време: секој работен ден од 07:30 до 22:00